Иако во „Гранд“ оддамна се шушка, а медиумите во Србија пред повеќе од еден месец пишуваа дека финалистите на „Ѕвезда Гранд“, Мики Секуловски и Јулија Петровиќ се во врска, тие дури сега потврдија дека имаат чувства еден за друг.
За време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“, на Мики публиката му постави прашање: „Кој во кого е вљубен, Мики во Јулија, Јулија во Мики или Бета Судар во Мики?“, што ги изненади и двајцата.
И Мики и Јулија беа во шок, но на крајот финалистот призна дека се заљубил во колешка за време на натпреварот.
„Не знам, прв пат слушам за ова, второто“ – рече Јулија, алудирајќи на Бета, а потоа Мики ја прекина:
„Веројатно Мики е заљубен во Јулија“ – призна Секуловски.
На прашањето, зошто за време на снимањето се однесувал како полицаец кон другите машки натпреварувачи кои и приоѓале на Јулија, Мики дал интересен одговор и со тоа уште еднаш потврдил дека се во врска.
„Ова не е вистина! Кој го рече тоа? Можеби само малку ја штитев“ – изјави Мики. Бета Судар неодамна навести на „Гранд“ дека Мики нашол девојка за време на натпреварот, но тогаш не сакаше да открие за која колешка станува збор.
„Прашање на време е кога ќе признаат. Еве Мики вели за еден месец“ – изјави неодамна Бета Судар пред камерата на „Гранд“.
Фото: Гранд.онлајн / Звезде Гранда принтскрин/mikisekulovski
Извор: grand.nova.rs