Радио Милева регионален миленик

Мики Секуловски на сцената е „жив оган“, а приватно комплетна спротивност: Од каде извира возбудата кај велешанецот во „Ѕвездите на Гранд“? (видео)

Мики Секуловски на сцената е „жив оган“, а приватно комплетна спротивност: Од каде извира возбудата кај велешанецот во „Ѕвездите на Гранд“? (видео)

Уште кога се појави во „Ѕвездите на Гранд“, велешанецот Мики Секуловски привлекува големо внимание кај регионалната јавност.

Неговите енергични настапи, харизма и силниот глас оставаат впечаток дека покрај Исак Шабановиќ и Александар Јосифовски во најгледаното музичко шоу се појави рокер кој може да им конкурира иако секој од нив си носи своја енергија и автентичност.

Иако на сцената е „жив оган“, Секуловски тврди дека надвор од сцената е токму спротивното.
– Прво морам да ви кажам дека никогаш не вежбам, верувајте. Тоа некако ми доаѓа природно, можеби ме носи адреналинот, па правам некои работи на сцената кои вообичаено не би ги правел. Приватно сум повлечен и многу смирен – открил Мики за Гранд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Мики во интервју за „Гранд“ истакна дека се уште не го дал најдоброто од себе, а публиката од него може да го очекува само најдоброто.

– Ова беше многу подобар настап за мене од последниот бидејќи тогаш бев болен. Иако сè уште сум на околу 80 отсто од моите можности, дефинитивно е подобро. Навистина сум задоволен – гордо кажа за Гранд, а потоа откри што му кажала неговата менторка Цеца пред настапот.

– Менторката ми рече да ја дадам мојата енергија што ја имам, да бидам храбар и мислам на сето тоа го направив, дека си ја завршив работата како што треба. Цеца е задоволна – изјави Мики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Со оглед на тоа што од почетокот на оваа сезона покажа дека е одличен во сите музички жанрови, Секуловски откри како ги избира песните што ќе ги изведе пред славната осумка.

-Секогаш ги избирам песните со Цеца, предлагам нешто, па таа предлага нешто, наоѓаме заеднички јазик. Ивана Питерс е секогаш тука да ни помогне, некако сите гласаме и потоа ја избираме песната со која ќе се претставам – објасни Мики.

Следи деветиот круг каде можеби Мики ќе изненади со нешто поразлично од досегашниот рокерски репертоар.

фото: Instagram printscreen/ mikisekulovski

To top