Радио Милева „Мојата мала џунгла“...

Миа Костова слободно може да ја наследи „Билјарката“ од „Бушавата азбука“: Имаат иста страст, освен што се различни во еден мал сегмент (ВИДЕО)

Миа Костова слободно може да ја наследи „Билјарката“ од „Бушавата азбука“: Имаат иста страст, освен што се различни во еден мал сегмент (ВИДЕО)

Повозрасните сигурно ја паметат „Бушавата азбука“, една од култните ТВ серии која воопшто е снимена кај нас.  Беше забавно, но пред се’ едукативно ТВ четиво кое го одбележа детството на многу генерации. Во неа испрплетени многу ликови, меѓу кои и тетката со црвената коса и шеширче на главата,  која не запозна со многу билки и цвеќиња. Или едноставно „Билјарката“, чија улога маестрално ја одигра актерката Мими Таневска.

Македонската ТВ водителка на „стен бај“ и во моментов можеби и највлијателната инфлуенсерка Миа Костова, има иста страст и љубов кон одгледувањето на билките и цвеќињата. Особено оние, салонските и се слабост, па нејзиниот дом е претворен во вистинска „мала џунгла“ , како што самата умее да каже.

Ама џунгла како џунгла, ако не ја одржуваш и доведеш во ред, ќе почнат „крокодили“ низ неа да шетаат, па за да не биде тоа така, Миа Костова си има свој ден за  нејзината „мала џунгла“.  Недела е денот кога си вети дека ќе ја средела.

Недела и сите се тука, на број… Нејзината зелена „билна армија“ построена и подготвена за ревизија. Кому водичка, кому малку ѓубриво, кому отстранување на сувите листови, а некому и пребришување на истите, за зеленилото да не се претвори во „скапаница“, туку да блеска како во излог од цвеќарница. А кога веќе се’ е средено и подредено, русокосата домаќинка дошла во фаза и да ја запознае јавноста поединечно со секој  „зелен смарагд“ од нејзината „билна оаза“.

Иако Миа можеби името на секое цвеќе не му го знае поединечно и тоа како го памети неговото потекло и развиток, од тоа каде е набавен или  од кого и е подарен секој еден зелен егземплар, па се до тоа како го одржува, каде саксијата смее да стои, а каде не смее, за што подобро да вирее.

Или што би рекле темелна виртуелна прошетка по нејзината домашна „ботаничка градина“, за што подобро запознавање со нејзиното билно наследство.

Токму затоа за познатата инфлуенсерка може да се каже дека е новата „Билјарка“! Само оваа не е од ТВ екраните, туку од социјалните мрежи!

Впрочем и таа како и онаа од „Бушавата азбука“ имаат иста љубов и страст кон билките… Освен што се различни во еден мал сегмент.

ТВ „Билјарката“ од „Бушавата азбука“ беше „лудо вљубена“ во Тарзан…

И Миа Костова, исто така… Ама во „Џејн?!“

Фото: Јутјуб принтскрин – Бушава азбука /Инстаграм/miandrija

 

To top