Миа Костова и нејзината најблика пријателка Тијана Скулиќ се неразделни. 24/7 заедно и дома и надвор од Македонија и во добро и во зло, и кога се плаче и кога се ужива. Со тоа што во целата приказна има една битна разлика, за тоа „кој е кој“ во релациите на русокосата и црнката.
Очигледно на Миа не и недостасува ниту креативност ниту, шарm и убавина, а уште помалку слободата да си го каже она што и лежи на срце или поточно, нема „влакна на јазикот“, па најчесто кај неа работите одат по принципот: „Што на ум, тоа на друм“!
Но, како и кај повеќето од нас, особено кај дамите има моменти кога не можете да се справите со наеднаш надојдените проблеми, па за да не западне во страв, негативни емоции или панични напади заради немање решение, тука е нејзината „втора половина“ во секој момент да и каже: „Ништо не е страшно, ќе средиме“. И средува… Тоа е и таква е, најчесто Тијана.
Токму затоа на последното од нивните егзотични патувања, Миа Костова онака распослана меѓу две палми на една песочна плажа на Малдиви, начека згодна прилика на својата „верна сенка“ да и се заблагодари со пишани зборови и таа благодарност јавно да ја објави на своите Инстаграм приказни.
„Само посакувам сите да го имаме овој ум и вајб. Во облак гледа сонце, никогаш не лежи вака за да добие тоа што сака, напротив, се бори за секое место, простор и идејата за ‘Не може да не може’ меѓу другото е поттикната од неа.
Турбуленција и кога не е авионска, ѝ е: ‘Ништо страшно, ќе средам’. И ќе ја среди. И оваа во авион и онаа на земја. Денес, фала ѝ што е падобран во време кога не ми работат моторите.
Скоро 6 години приказната е: оној што ќе ти покаже како е полесно и која си ти, ќе ти покаже утре! Не за две години, не за пет! Утре!“ – напиша благодарната Миа.
После ова веројатно е многу појасно кој е „авион“ а кој „падобран“ во летот низ убавините на животот на двете неразделни пријателки!
Фото и видео: Инстаграм/tijanaskulicc/miandrija