Пејачката Миа Борисављевиќ е на прагот на својата петта деценија, но нејзината најнова фотографија остави многумина без зборови, на која го покажа своето извајано тело во костим за капење.
Познато е дека Миа со години освен со пеење се занимава и со приватен бизнис, а таа и нејзиниот сопруг, исто така пејач, Бојан Грујиќ имаат отворено неколку фитнес студија низ Србија.
Пејачката напорно тренира и се грижи за својот изглед на кој можат да и позавидат и нејзините многу помлади колешки.
Таа сега отпатува на егзотична дестинација од каде ги воодушеви своите фанови со фотографија во костим за капење.
Миа позираше на лулашка во едноделен костим за капење со леопардски принт, а нејзините извајани нозе беа во преден план.
Ова не е прв пат да имаме можност да ја видиме пејачката во ова издание, но сигурно е дека таа уште еднаш ја оправда титулата како една од најжешките пејачки на српската јавна сцена.
фото: printscreen/instagram