Мегафон ликовна уметност

„Месечина на љубовта“ – самостојна изложба на младиот уметник Давор Кешќец

„Месечина на љубовта“ – самостојна изложба на младиот уметник Давор Кешќец

Во скопското „Бифе Татфталиџе“, вечерва, на 26 јуни ќе се отвори самостојна изложба на младиот уметник Давор Кешќец, насловена „Месечината на љубовта“ (Moon of Love).

Давор Кешќец е роден во 1997 година во Скопје. Завршил графика во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, а потоа дипломирал на ФЛУ – Скопје. Член е на ДЛУМ од 2020 година. Досега имал девет самостојни изложби, учествувал на 11 групни изложби и изработил осум мурали низ Македонија. Учествувал во бројни проекти поврзани со уметноста, дизајнот и илустрацијата. Добитник е на наградата „Young Art“ (2019) во категоријата сликарство.

Кешќец до сега има реализирано неколку самостојни изложби, а бил дел и од повеќе групни изложби и проекти со свои дела. Негова инспирација се кубизмот, поп артот, германскиот експресионизам, но кретаивноста му ја будат и музиката и се разбира – љубовта. По вокација е графичар и до сега има остварено неколку самостојни и групни изложби. Се инспирира од Кубизмот, Поп Артот, Германскиот експресионизам, Пост Графити уметноста….но и од Рокенролот и општо од музиката. Љубовта вели е вечна инспирација. Како дел од минатогодишниот „Комшилоок“ го видовме „Where Yu Go?“, култниот автомобил „Југо“ трансформиран во неверојатно уметничко дело.

Фото: приватна архива

 

 

To top