Со речиси десет години искуство во оваа работа, Кетрин де Ноар, менаџерка на еден од најголемите легални бордели во Европа, секојдневно се среќава со разни желби и потреби на клиентите, но една ситуација особено ѝ останала во сеќавање.
Еден обичен вторник, маж влегол во борделот носејќи кутија со алат, работна униформа и сериозен израз на лицето. Наместо вообичаена еротска авантура, овој клиент резервирал еден час за, како што се покажало, симулација на водоинсталатерски поправки.
Во целосно сериозна улога, започнал да го поправа лавабото, да го мести тушот и да го тестира тоалетот, сето време задржувајќи професионален пристап кон задачата. Сексуалната работничка што ја ангажирал целосно го прифатила неговото сценарио, дозволувајќи му да ја реализира својата фантазија без прекини.
По истекот на закажаниот термин, мажот се заблагодарил за „прекрасната вечер“, се пресоблекол и го напуштил просторот со израз на длабоко задоволство. Иако за време на средбата немало ништо сексуално во традиционалниот смисла, очигледно ја исполнил својата специфична потреба.
„За мене, како менаџерка на бордел, тоа беше само уште еден вторник“, признава Катрин, истакнувајќи дека во оваа работа научила дека во сексуалните фантазии всушност не постои „нормално“. Човечката сексуалност е, според нејзините зборови, креативна, разновидна и често изненадувачка.
View this post on Instagram
Таа додава дека општеството често претерува со комплицирањето на прашањата поврзани со сексуалноста, наметнувајќи норми, етикети и очекувања, додека сексот во основа треба да остане тоа што е – игра, задоволство и лично ослободување, пишува „Lad Bible“.
фото:Instagram printscreen/catherine_de_noire