Холивудската актерка Меган Фокс го роди своето четврто дете, а прво со поранешниот партнер Машин Ган Кели.
Една од најубавите жени на светот, актерката Меган Фокс (38) објави дека е бремена во ноември минатата година, а сега пристигна и убавата вест сека се породила.
Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели го добија своето прво дете, што беше потврдено и на социјалните мрежи.
„Конечно е овде. Нашето мало небеско семе“, напиша славниот рапер покрај емотивното видео што го објави со новородената ќерка.
View this post on Instagram
Тие се запознале на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“ во 2020 година и набргу потоа се свршија. Беа една од највљубените двојки во свескиот шоубиз.
Меган Фокс има три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Тие се разведоа во мај 2020 година, по десет години брак.
Машин Ган Кели има ќерка од претходната врска.
фото: print Screen/Instagram/Megan fox/meganfox.fans