Пејачот Никола Роквиќ денеска е 18-ти ден од предизвикот наречен пеш кон Грција, а денеска по пат наиде на непријатна ситуација.
Имено, Никола влезе во Грција, а сега на својот Инстаграм профил ги покажа сите искушенија со кои се соочува.
View this post on Instagram
Пешачејќи по патот пронашол змиско палто, што значи дека во тој крај живеат змии, како и дека едната од нив се „сменила“ и ја фрлила старата покривка.
За работата да биде уште поопасна, Никола тогаш изјавил дека пред него има 7 километри длабока трева, па оваа рута не била нималку наивна, но и покрај се успеал да ја помине.
– Денеска имаше искушенија, налетав на оваа, а потоа на една 7 километри подлабока трева. Фала богу се помина во најдобар ред – напиша Никола на споменатата мрежа.
Да потсетиме, Роквиќ редовно се огласува на својот Инстаграм профил каде ги споделува сите новости со своите следбеници, а неодамна откри и како се храни на пат.
фото: Instagram printscreen/ nikolarokvic