Поранешната учесничка во реалното шоу Александра Николиќ неодамна се породи и ја роди ќерката Леона, а откри и како напредува нејзиното закрепнување по царски рез.
Александра Николиќ откри дека не смее да ја дои ќерка си поради проблемот што го имаше со градите пред две години.
Станува збор за операцијата која Александра ја направи откако и се помести силиконскиот имплант во градите. Таа во тој момент престојуваше во реалното шоу „Задруга“, а поради неподносливите болки што ги трпеше мораше итно да го напушти имотот.
– Градите ме болат, не можам повеќе! Се чувствувам лошо! Не ме допирај повеќе! Не можам! Се чувствувам лошо! Не допирам никого, мајко! Не можам да издржам, боли! Не можам да го сторам ова – извикуваше тогаш Александра.
Александра потоа замина на итна операција, лекарите и го извадиле стариот имплант и ставиле нов, а набргу по зафатот се врати во реалното шоу. „Носев тешко, па ме болеше раната“
Инаку, Александра им се обрати на своите фанови, а на Јутјуб објави видео во кое откри како се одвива опоравувањето по царскиот рез.
– Закрепнувањето по царски рез е многу потешко. Да можев да изберам, ќе се породев по природен пат, но тој итен царски рез требаше да се направи. Закрепнувањето е тешко, но во тој момент ништо не чувствувате. Се оди добро, но згрешив што носев нешто тешко, па ме болеше раната. Ме боли и кичмата, но сфаќам дека со тек на време се ќе си дојде на свое – рекла Александра и открила дали се плашела од породување за време на бременоста.
фото: printskrin/instgaram