Српскиот пејач Марко Стојковиќ, попознат како MC Стојан, пред два дена бил приведен на граничниот премин Бајаково, што подоцна го потврди и хрватската полиција, пренесува Индекс.хр.
Тоа беше веќе трето апсење на популарниот фолкер во Хрватска, откако во 2017 година беше приведен на Макарска кога учествуваше во тепачка, потоа во април годинава и на преминот Бајаково.
– Повторно ме приведоа во Хрватска – вели Стојан на видеото, кој потоа ја снимал полициската станица околу него.
Во еден момент на раката го сликал и својот скап часовник „Ролекс“ од кој се гледа дека во тој момент било околу 15.30 часот.
Како локација на видеото го стави граничниот премин Бајаково.
Подоцна полицијата открила дека тој бил приведен поради пребрзо возење, што било констатирано од надзорна камера, а по извршената проверка бил пуштен од Хрватска.
Се чини дека пејачот го живее она што го промовира во своите песни, а тоа се луксузни возила и скапи работи, исто како и повеќето фолкери на сцената.
фото: printskrin/instagram/mc_stojan