Мартија Станојковиќ е една од оние пејачки од новата генерација која има блескава иднина. Секоја нова песна и е се подобра и послушна, видеата како и песните и се вртени со многу прегледи, а се гледаат со „очи ширум отворени“, додека речиси секоја фотографиите кои младата и атрактивна кумановка ги споделува на своите профили, буквално „ги ежи“ нејзините следбеници, а и сите оние кои „киснат“ на социјалните мрежи.

Така беше досега, а по се’ изгледа уште „жестоко и повозбудливо“ ќе биде и отсега, зашто Мартија веќе тргна во „најавна кампања“ за својата нова музичка предновогодишна видеочеститка за својата публика.

Дружбата со некогашната модна блогерка, инфлуенсерка и горда сопственичка на новиот моден бренд насловен по нејзиното презиме, атрактивната струмичка трендсетерка Љупка Митрова последниов период бше евидентна, па оттаму во најавата за новата песна и видео Мартија споделила неколку кадри од фешн подготовката за снимањето. Логично изборот паднал на моделите од колекциите на Митрова, но засега останува непознаница дали и Љупка ќе се појави во новото музичко видео на Мартија?
Ако се суди според кадрите од најавата , во него ќе ја видиме и газдарицата од Струмица, што само ќе го зголеми впечатокот, ама и возбудата, зашто познавајќи ја и едната и другата, еротската компонента и тоа како ќе доминира во видеото!?
Судејќи по првите споделени кадри, Мартија во црна провидна тантела која малку крие, а многу тоа открива изгледа како „еротска Лолита“.

Атмосфера на запалени свеќи, пригушено светло и подразголено женско тело еротскиот набој го доведува до лудило, а хормоните до точка на вриење. Дискретната голотија само дополнително ја „распламтува“ фантазијата во која „копнежот наречен желба“ ги полни „влажните погледи“ со телесните убавни на протагонистите во видеото, кое во најмала рака ветува дека уште на прво гледање ќе ја поттикне волшебната игра на сите сетила.

Уште пак ако во него покрај Мартија се појави Љупка во аутфит кој најчесто остава без здив, вратите на еротската имагинација ќе создадат таква перцепција што нема шанси да не ви се допадне и песната…

Видеото ветува дека ќе изобилува со телесен раскош, моден гламур, екстарваганција и загарантирана еротска возбуда!

Фото & видео: Инстаграм/martijastanojkovic






