ТВ водителката и инфлуенсерка Марјана Станојковска не пропушта прилика да го сврти вниманието кон себе, а нејзиниот изглед е нешто на што многумина ќе и позавидат.
Таа неодамна споделуваше како ужива на Копаоник, реклмирајќи го хотелското сместување и покажувајќи ја позитивната енергија додека ужива на снег.
Па иако во тек се разните прослави и познатите брзаат да пазарат, Марјана празнично ја сподели фотосесијата која ја направила на Копаоник.
Па, така со најновата објава на социјалните мрежи таа веднаш ги воодушеви следбениците и ги собра погледите на сите.
Изданието за кое станува збор е нејзиниот тесен црн комбинезон, а целото издание го заокружи со шубара на главата.
Атрактивната русокоса повторно покажа дека уште долго нема да има конкуренција бидејќи кај неа годините дефинитивно се враќаат наназад.
На овие фотографии Марјана изгледа како фатална жена – мачка во секоја смисла на зборот .
фото: printscreen/instgaram