Пејачката која има српско потекло, а со години живееше и работеше во Македонија, за потоа да се пресели во Бугарија. Стана ексклузивка на Пајнер продукција, почна да гради таму кариера, нејзините песни и спотови се вртеа на нивната „Планет ТВ“, а пејачката имаше грст настапи и низ Бугарија, ама не ја заборави ниту Македонија, а ни родната Србија.
Сепак, она по што Марина Тошиќ најмногу стана е препознатлива е нејзината атрактивна секси фигура. Мајката природа дала убавина, естетската хирургија – силикони, а Бог и дал да биде таква каква што е: провокативна, заводлива, пожелна, секси… а, на моменти и мошне скандалозна.
View this post on Instagram
Незјините испади и провокации не ретко самата ги споделуваше на социјалните мрежи во вид на предизвикувачки фотографии и видеа, каде Марина го покажува сиот свој темперамент и талент за скандали…
И кога сите очекуваа од неа да направи позначителна кариера и во родната Србија марина сите ги изненади со нешто што никој од неа не го очекуваше. наместо музичка мега ѕвезда тргна да го освојува модниот свет со сопствен бренд.
View this post on Instagram
Имено, русокосата убавица однеодмна е сопственик на своја модна линија, автентичен моден бренд со нејзиниот потпис.
Зошто и како пејачката решила да стане модна креаторка засега ќе остане загатка, но сепак, она што самата го потврдила дека желбата за овој вид модна уметност кај неа била преголема.
„Задоволство ми е да ви го претставам мојот моден бренд @marinatosicfashion, создаден после долго чекање“ – споделила пејачката/дизјнер во најавата на новата професија на својот Фејсбук.
Од она што може да се забележи на нејзината модна Инстаграм страница „marinatosicfashion“, во прашање е разнолика гардероба. Од интереснии модели на костими за капење, до екстравагантни свечени фустани.
Дел од моделите како што се гледа, ги рекламира и самата Марина, што не е за изненадување со оглед на тоа што пејачката има и лик и пропорции и тело – ремек дело. Токму како родена за топ модел.
Дали пејачката ќе биде поуспешна во модниот отколку во музичкиот свет и дали музилта останува минато или Марина Тошиќ ќе тера паралелна кариера останува набргу да видиме.
Во меѓувреме, погледнете некои од моделите на нејзиниот сопствен моден бренд.
Фото: Инстаграм и Фејсбук/marinatosicofficial/marinatosicfashion