Радио Милева вечер за паметење

Марија Спасовска деновиве по две нешта беше единствена естрадна ѕвезда: Пејачката во својот матурски аутфит блескаше како принцеза, но и запеа на својата матурска фешта! (ВИДЕО)

Марија Спасовска деновиве по две нешта беше единствена естрадна ѕвезда: Пејачката во својот матурски аутфит блескаше како принцеза, но и запеа на својата матурска фешта! (ВИДЕО)

Матурските прослави вообичаено отсекогаш во месец мај се во полн ек. Меѓу сите матуранти секоја година има и понекои кои се деца на познатите естрадни и јавни личности.

Така било отсекогаш, така беше и годинава. И додека познатите естрадни лица не споделуваа многу детали околу матурските прослави на нивните деца, една матурантка меѓу познатите од естрадата беше единствена. Меѓу другото и по тоа што  млада позната македонска пејачка е и самата матурантка.

Марија Спасовска не само што во матурскиот аутфит блескаше како принцеза, туку и самата запеа на својата матурска фешта!

Имено, Марија покрај тоа што станува се попозната и попопуларна на естрадата, можеби неко и не знаеа дека таа до сега беше средношколка. И тоа одлична ученичка во скопската гиманзија „Раде Јовчески Корчагин“ која важи за едно од најстрогите и најзахтевни средни училишта воопшто во Македонија. Но, тоа не ја попречуваше пејачката да биде подеднакво успешна на два фронта: училиштето и естрадата или поточно на сите полиња.

Токму вчеравечер, 22 мај 2024 година „корчагинци“ ја славеа својата матура во еден од најпознатите и најелитни скопски ресторани, а со нив секако и Марија Спасовска.

Изборот на матурскиот фустан и комплетниот аутфит, од чевлите до чантичката, часовникот и накитот, па се до шминката и фризурата како од насловниците на најпознатите светски модни магазини. Во него пак младата пејачка како принцеза, подготвена за својата „матурска бајка“. Остана нејасно дали изборот бил само нејзин или во тоа прсти вмешал и нејзината мајка, која е сопственичка на неколку бутици?

Она што е евидентно дека на испраќањето на Марија покрај најблиските од семејството и пријателите и дојдоа и некои од познатите македонски музички мафгови,, како што е на пример познатиот музичар, композитор, аранжер и продуцент, Николче Мицевски со својата придружба.

Но, она главното што се случува на секоја матурска прослава, допрва следуваше кога довчерашните соученици се собраа на договореното одредиште. Е, дури тогаш забавата можеше да започне, а за неа вечерта беа задолжени „кралевите на ноќните свирки“, познатите „Либеро бенд“.

Атмосферата како што прилега на една матурска забава, доведена до „лудило“ од добро расположение, емоции, воздишки, еуфорија… Ерупција од позитивна младешка енергија!

Но, дека младите генерации не се изгубени во „тешките времиња и настани“ низ сиве овие години, зрело покажаа откако покрај целата радост и веселба спонтано го споделија и својот патриотизам. А како поинаку, ако не со македонски песни исткаени со патриотски стихови, каква што е на пример и „Налеј, налеј“… Тогаш Марија Спасовска качена на сцената заедно со пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, наметнати со македонското знаме со полно срце и душа им ја пренесоа таа нескротлива патриотска емоција на младите врсници, кои во еден глас со нив пееја и го вееја знамето со 16-каркото сонце од Кутлеш. „И ние сме деца на нашата земја Македонија…“!

За потоа матурската фешта да продолжи долго во ноќта со избор од познатите македонски, регионални и светски хитови во таа незаборавна вечер за паметење за сите матуранти!

Фото: Приватна архива/jovanov_ivan

 

 

 

To top