Младата македонска пејачка Марија Спасовска се повеќе се наметнува како музичко име зад кое не само што стои убаво минато, туку и и претстои уште подобра иднина. Убава, згодна, шармантна, интелигентна и секако креативна, младата убавица не само што се наметнува како изведувач, туку се повеќе и како автор.
Оние што ја следат нејзината кариера знаат дека Марија самата на себе е автор и на музиката и на стиховите за нејзините песни… Но дека нејзината „Божја дарба“ за креација тука не застанува, покажуваат неколку примери.
Така Марија покрај тоа што твори за себе, почна да пишува стихови и за други изведувачи. Еден од нив е на пример Ѓоко Таневски кому младата кантавторка му напишала стихови за нова песна, а популарниот Ѓоле веќе оваа сабота, на 20 јули ќе го има својот голем солистички концерт во Античкиот театар бво неговиот роден Охрид.
Покрај музиката Марија заврши и како одлична ученичка, која по своето матурирање својата едукација наесен ќе ја продолжи со студирање на еден од најпрестижните универзитети кај нашиот јужен сосед, во Солун!
Но, музиката никако нема да биде заборавена, напротив… Младата пејачка веќе започнува да ги докомплетира материјалите за својот прв солистички албум кој, како што самата планира, здравје Боже би требало да се појави некаде пред Нова Година. Во меѓувреме, Марија Спасовска публиката ќе има можност да ја види и слушне и годинава со уште една нова песна на претстојниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2024“ во Штип, кој традиционално се одржува кон средината на месец октомври.
И додека трае летната пауза пред на есен да започнат студентско-музичките обврски, пејачката реши убаво да се одмори, прошета и возбудливо да летува. Оваа година за своја летна дестинација Марија ја избра „Чизмата“. И тоа не сама и не случајно, туку заедно со оние, со кои летува речиси секоја сезона, последниве години – „Wonder Самр“!
„Моментално патувам низ Италија со ‘Вондер Камп’. Секоја година со нив посетувам нови дестинации, постојано сум дел од нивните авантури и најдобро знам како изгледаат сите моменти со нив“ – појасни Марија, која на својот Инстаграм ги споделила најубавите места и мигови од својата тековна летна авантура.
Магични дестинациии и локации како некогаш многу популарниот Трст, прекрасните Соренто и Амалфи, вечниот град Рим, кривата кула во Пиза, лулката на уметноста Фиренца, Сиена и Сан Џимињано…
И уште мноштво скриени убавини низ волшебната Италија.
Затоа долгогодишната дружба и верност со оваа екипа, Марија ја круниса на тој начин што реши своевидно да им се одолжи! Имено, таа им ги напишала стиховите за нивната химна, додека музикката ја компонирал маестро Николче Мицевски. Химната треба да се појаваи наскоро и да добие и свој видеозапис!
„Јас сум автор на стиховите за химната на Wonder Super Vacation, детскиот камп во Wonder Camp. Секоја година со нив посетувам нови дестинации, затоа токму мене ми припадна задачата да го напишам текстот. Песната веќе ја научија сите мали деца, членови на детскиот камп и веќе ја пејат на годинешните летни кампови“ – гордо порача Марија која им напиша химна, а тие и се заблагодарија и ја однесоа на летно патешествие низ Италија.
А, секој чекор на ова патување е исполнет со нови сознанија, дружење и забава низ разни активности и се разбира дегустација на прекрасната италијанска кујна.
Две пици, две чинии лазања, две чаши Аперол, два фотоапарати… и само една дилема? Освен екипата од кампот, кој уште ја придружува и така убаво ја фотографира Марија?
Фото: Инстаграм/marija.spasovska