Радио Милева лажно ветување

Марија Шерифовиќ се присети на евровизиската победа: „Наместо ветените 80.000 евра од тогашниот претстедател на Србија добив само вратоврска и бонбониера“

Марија Шерифовиќ се присети на евровизиската победа: „Наместо ветените 80.000 евра од тогашниот претстедател на Србија добив само вратоврска и бонбониера“

Предстојниот избор за Песна на Евровизија беше добар повод  Марија Шерифовиќ  која и донесе победа на Србија на најголемиот музички натпревар „Евровизија“ во Финска пред 18 години, да се присети на деновите по победата и враќањето дома во Србија.

Имено, Марија еднаш откри што и рекол тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ кога отишла на свечен прием.

– Низ историјата сме виделе дека, без разлика дали се работи за музика, уметност, која било од оние сфери кои заслужуваат каква било возвратна благодарност, тоа речиси никогаш не се случило. Значи, не ми пречи. Мојата најголема благодарност е аплаузот кој го добив од луѓето кои се тука 20 години, кои стареат со мене. Што се однесува до државата, тоа не ме интересира премногу, си обезбедив и направив самата се’ за себе – изјави тогаш таа.

Марија  се присети на дочекот на кој отиде и на разговорот што го имаше со Борис Тадиќ.

– Се сеќавам што рече тогаш господинот Тијаниќ (тогашен генерален директор на РТС кој предложил Марија да добие 80.000 евра како и спортистите на Олимпијадата), но тоа не се случи. Отидов на прием, или како и да се вика, кај тогашниот претседател Борис Тадиќ. Тој праша: „Што можам да направам за тебе?“. Што да му кажам?! Не треба ништо да правиш, мислам што ќе правиш, јас направив повеќе за тебе, не треба ти да правиш ништо за мене. Добивме вратоврска и бонбониера, тоа е тоа, тоа е единствената вистина – изјави Марија.

– Не носам вратоврска! Таа беше за менаџерот. За мене само бонбониерата. Но, нема врска. На кого му е гајле, еј, не ми треба никој да каже „благодарам“! Го направив тоа за нашиот народ, за да бидеме барем еден ден во годината горди и тоа многу горди, сите Срби, Балканци, што и да се.

Фото: Инстаграм/serifovic

To top