Радио Милева список на желби

Марија Шерифовиќ привремено ги напушти „Ѕвездите на Гранд“   –  Еве која пејачка ќе ја замени во жирито и што изјавила за неа (фото)

Марија Шерифовиќ привремено ги напушти „Ѕвездите на Гранд“   –  Еве која пејачка ќе ја замени во жирито и што изјавила за неа (фото)

 Пејачката Сања Вучиќ само привремено ја замени Марија Шерифовиќ во жирито на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, Сања за време на снимањето изјавила дека Марија Шерифовиќ и испратила список со желби за  кој таа би сакала  Сања да гласа кога се во прашање натпреварувачите во ова шоу.

Токму поради тој чин некои твитерџии ја повикаа Марија дека влијаела на гласањето на Сања.

-Но Марија која сугерира кој и како да гласа, колку ме нервира таа жена – рекол еден твитерџија на кој не му се допаднало тоа што го кажала Сања.

Сепак, Сања брзо реагираше и ја појасни својата изјава.

– Не не не, таа ми го испрати списокот со нејзините натпреварувачи, и рече дека треба да гласам по моја дискреција и дека секако имаме слична визија за тоа што бараме кај пејачката… Можеби не се изразив добро  – објави Сања на мрежата „Х“.

Фото: printskrin/instagram/Х

To top