Радио Милева само што почна...

Марија Шерифовиќ на маки со синчето Марио: „За првпат ни е вака“ (фото)

Марија Шерифовиќ на маки со синчето Марио: „За првпат ни е вака“ (фото)

Марија Шерифовиќ често објавува фотографии на кои е со синот Марио, со што ги информира своите следбеници за тоа што се случува во нивниот дом.

Откако го однесе својот наследник на подготовките за концертот, Марија денеска објави дека малиот Марио е болен и има вирус.

Посочува дека ова е првпат да се соочува со ваков здравствен проблем.

– Првиот вирус! Кој сака нека честита“, напиша Марија во објавата.

Инаку, ова се случува во време кога Марија се подготвува за претстојните концерти. Само еден ден пред да се разболи Марио, пејачката покажа колку е горда на него.

Додека Марија беше на сцената, малиот Марио будно ја следеше нејзината проба, а како што покажа таа, малиот дури има и своја акредитација за претстојниот концерт.

– И тој има акредитација. Ќе полудам“, напиша Марија.

фото:Instagram printscreen/serifovic

To top