Оперскиот пејач Никола Зацески во „Ѕвездите на Гранд“ го покажа својот талент во најдобро светло и ги освои сите шест гласови од жирито.

Цеца Ражнатовик беше особено среќна бидејќи таа е неговата менторка иако му се понуди и Ѓорге Давид.

Никола овој пат ги воодушеви сите, а Марија Шерифовиќ на крај само го советуваше за шестиот круг од натпреварот.
– Само ќе те замолам, во шестиот круг да ни ја заскокоткаш фантазијата на сите, и на публиката и на гласачите, да не биде тоа само чиста интерпретација“, му порача Шерифовиќ на Никола по неговиот настап.

Инаку, Горѓе Давид на почетокот му се понуди на Никола да биде од неговиот тим па по неговиот прв настап на кој доби „паник“ тастери го бранеше, додека пак Шерифовиќ најостро го критикуваше по фалширањето па тогаш дури му порача да си ја фрли дипломата во канта.

-Не можам да сфатам како некој што има било каков вид барем малку посериозна музичка едукација може да фалшира. Те молам повеќе тоа да не си го дозволиш. Отиде и дипломата, отиде сé по ѓаволите, фрли ја дипломата во канта. Стилски не ја пронајде сопствената мерка, од традиција до нешто модерно, сето тоа изгледаше како турли-тава“, беше остра Марија Шерифовиќ кон Никола, кој сепак им се допадна на Ѓорѓе, Снежана и Цеца која ја одбра за менторка.
foto: printscreen/YouTube







