Радио Милева мис екс...

Марија Луиса Тодоровска можеби се’ уште е сингл, ама затоа има добра утеха: Пејачката и по седум години е најубава бивша!

Марија Луиса Тодоровска можеби се’ уште е сингл, ама затоа има добра утеха: Пејачката и по седум години е најубава бивша!

Марија Луиса Тодоровска е обратнопропорционална… Колку повеќе и напредува  кариерата, толку помалку и оди во љубовта. Така барем оддамна самата вика.

Она што се нарекува „минливост низ животот“, „пијана вечер“, „блиц авантура“… или редовна „швалерска тура“, ако таква постои – не се брои.

Вистинска љубовна врска, што би рекле сериозна, на подолги патеки, љубов од која застанува здивот засега отсуствува во нејзиниот емотивен живот.

Се’ што е на пат да стане такво, завршува на „љубовно буниште“… Во категоријата на бивши. Затоа и не случајно во една пригода пејачката си кажа дека момчињата ја доживуваат како „бидермаер“. Неа ќе ја фатат, ама друга ќе оженат! А, Марија Луиса повторно останува сингл… И бивша!

И така тоа со години. Сингл уште од девојче… Од 2018 па се’ до денес, до 2024-та. Сосотојбата иста, само што и се менува ознаката. Од обичен „Сингл“ до „Сингл Ултра Про Макс“… Догодина – здравје, ако остане вака, станува „Сингл – Премиум“!

Арно ама, затоа битолчанката е „Премиум“ уште оддамна во една друга работа, кога се во прашање бившите љубови. Затоа и нема зашто да биде разочарана!

Марија Луиса Тодоровска можеби се’ уште е сингл, ама затоа има добра утеха. Пејачката и по седум години, на поранешните се’ уште им е најубава бивша! Мис Екс!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

To top