Радио Милева желна за убавина, љубов и слава

Марија Луиса има чуден порок: Пејачката досега на девојките „од врат им ги собираше“ само момчињата, а сега на момчињата покрај бакшишот почна и ланчињата!

Марија Луиса има чуден порок: Пејачката досега на девојките „од врат им ги собираше“ само момчињата, а сега на момчињата покрај бакшишот почна и ланчињата!

Марија Луиса Тодоровска  не е светица, ама ни до толку грешница, иако има чуден порок. Не, не се ниту пушењето, ниту пиењето, иако не е имуна и на нив како и на некои други „слатки задоволства“, туку во прашање се нејзината харизма и однесување кога оди на пеење.

Настапите на атрактивната битолчанка не се само за уво и моментите кога ќе те погоди песната, туку многу повеќе и за празник за очи, зашто Марија Луиса Тодоровска секогаш на настап е мошне провокативна, привлечна, па дури и порочна, што како по правило предизвикува слатка возбуда, особено кај машката клиентела во локалот каде што настапува.

@marijaluisa8 #fyp #viralvideo #balkan ♬ original sound – Marija Luisa

Длабокото деколте ќе те кутне уште на прв поглед, провокативното нишање колкови после две-три чашки ќе ти ги „симне сите окови“ и предрасуди, а возбудливото мешање со напрчената задница, после две – три песни ќе ти предизвика во главата таква „лудница“, што прво за што ќе се фатиш е… Не, не е кваката од тоалетот, туку паричникот во џебот!  Тогаш бакшишот лета сам, поголемиот дел завршувајќи во рацете на пејачката и нешто ситно кај келнерот, за пијачката!

А Марија Луиса како кафеанска кралица, ги собира и  бакшишот и “влажните машки погледи“ додека пее и ниша карлица! Така беше досега, ама отсега изгледа како Марија да има чуден порок. Зашто ако пејачката досега на девојките „од врат им ги собираше“ само момчињата,  сега на момчињата покрај бакшишот почна да им ги збира и ланчињата!

Така беше барем на еден од последните нејзини клубски настапи, кога гостите покрај тоа што ја почестија со богат бакшиш, Марија ја наредија со златни ланци со крстови, кои или немирно танцуваа по нејзините бујни силиконски облини, или се беа зглавиле, длабоко потонувајќи во „горната долина на желбите“!

Дали на крајот од вечерта Марија им го врати накитот на сопствениците не е познато, ама затоа обилниот бакшиш остана во нејзина трајна сопствност, гарантирано!

Утрото велат е секогаш поумно од ноќта, што е доказ и литературатасо која пејачката се едуцира… Марија Луиса во потрага по убавина, слава, љубов… Првото секако го има, што дар од мајката природа, што од вештите прсти на пластичните хирурзи.

Славата е во пораст и постојано и напредува, пазашто откако од родната Битола се пресели во македонската престолнина, од анонимна кафеанска пејачка, стана надалеку позната клубска естрадна уметница. А љубовта…? Ех, тука ниту убавината , ниту славата сосе бакшишот не се пресудни…!  Белким во Новата 2025 година ќе се најде мајка машка, што ќе посака убава и славна кафенска пејачка за снашка?!

@marijaluisa8♬ original sound – PopFolkLyrics

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska и ТикТок/marijaluisa8

To top