Марија Луиса Тодоровска е една од оние македонски пејачки на која естрадата нме и е само егзистенција туку и стил на живот… И тоа во вистинска смисла на зборот, зашто налик на музичките ѕведи од соседството, таа е една од оние зад која најмногу „се крева прашина“ и надвор од пеењето.

Од секс аферата која ја направи нашироко позната, бакшишот кој „со вреќи“ го носи дома речиси после секој нејзин настап, заради експлицитната голотија која не срами да ја сподели на социјалните мрежи или заради тоа што онака како што ја дал Господ чешита, нема „влакна на јазикот“ никому да му премолчи, штом некој(а) за нешто ја поткачи.

Колку што е провокативна и примамлива, толку на конкуренцијата и е иритантна и не баш омилена, па неретко знаат да се позанимаваат и со нејзиното пеење и со начинот на живот, откако ќе решат малку да го „прочешлаат“ нејзиниот. Тогаш дали по естрадните кулоари, дали на кафе средбите тргнуваат озборувањата и трачевите за пејачката која станува тема на чаршиските муабети. Приватноста на Марија Луиса најчесто е оноа за која се има полна уста зборови, најчесто не баш најдобри.

А сексапилната битолчанка со скопска адреса, тоа бргу го дознава, зашто ако добриот глас надалеку се слуша, лошиот пак, најбргу пристига… Па за час доаѓа и до неа.
Само што Марија Луиса не ја фаќа криза, не паѓа во очај и апатија, туку на озборувачите експресно им возвраќа. Понекогаш директно со сликовити гестикулации, понекогаш јавно со скриени пораки во кои секој(а) сам(а) ќе си се препознае.

Така беше и овој пат кога пејачката решила на озборувач(к)ите да им ја затвори устата со истото оноа што го шират за неа. До душа Марија по име и презиме не ги споменала, ама затоа била доволно „отровна“ за да ги боцне онаму каде што ќе ги заболи, па белким некоја од нив ќе се сети потоа устата да ја затвори?!

„Зборуваат лошо за тебе? Кој? Тие што преку ден ја шират устата, а навечер нозете?“ – стои во пораката до непознатите озборувач(к)и на нејзините Инстаграм приказни.

Само што Марија Луиса Тодоровска овде не е баш до крај во право, зашто направила еден превид… А, можеби и два!

Зашто нозете чии да се, не мора да се шират само навечер, а и устата, не само преку ден… Најчесто тоа оди во комплет, кој(а) кога ќе стаса, во текот на 24 часа!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska



