Радио Милева фетиши и сомнежи

Марија Луиса доби чудни предлози и понуди и уште почудни прашања, на кои имаше само еден одоговор: „Ти си победникот за денес“! (ФОТО+ВИДЕО)

Марија Луиса доби чудни предлози и понуди и уште почудни прашања, на кои имаше само еден одоговор: „Ти си победникот за денес“! (ФОТО+ВИДЕО)

Пејачката Марија Луиса Тодоровска како и секој(а) од нас има свои фетиши… И тоа од различна природа, веројатмно за разна пригода.

Така, додека многумина за домашен миленик имаат куче, маче, папагалче, златна рипка, хрчак… битолската фолкерка дома чува козичка… Или поточно јаре! Можеби за чување во стан не е најсоодветно, ама затоа е повеќе од забавно! А и ако ти здодее еден ден можеш да го… Не, не мислевме на јарешко печење, скраја да е, туку можеш да го вратиш на село… цело!

Откако на Марија играта со јарето ќе и здосади, му се враќа на вториот најверен пријател покрај микрофонот – телефонот. „Мобилката“ в рака и малку гуглање, малку муабети со следбениците. А кога Марија Луиса ќе ви ја отвори „виртуелната врата“ на интимата за да можете слободно да и поставувате и „лични“ прашања, е тогаш веќе станува мошне интересно. И од прашањата и од одговорите!

Прашањата збогатени со чудни предлози и понуди…  Какви си побара, такви и си доби. Ама затоа и а одговорите чешити и оригинални!

Така на пример, пејачката доби неколку понуди со иста цел – за  „блиска дружба“ со неа, кој за еднократна, кој за повеќекратна, некој и за доживотна… На кои Марија Луиса им одговори само со едно – „Аииии…“!

А имаше и такви, кои се граничат со таканаречените „хардкор“ или поточно „садо – маз0“ фетиши на поедини „запалени“ нејзини следбеници…

„Аиии просто неверојатно“ – возврати несудената секси робовладетелка или поточно домина!

А фетиши различни… Еднаш и бараа да облече чорапчиња и така да се слика, сега побараа да и ги купат хулахопките…

Среќа, тангата остана непобарана!

Пејачката ја прашуваа се’ и се’што… А такви и беа и одговорите. Барем за она колку е возрасна, колку е висока, колку тежи… Со желба да порасне и да се подмлади, таа им ги возврати своите димензии!

Интересни беа прашањата какви мажи сака пејечката, па Марија си кажа…  Ако и треба бебе, веројатно ќе си роди едно…

Ама со деца, не сака да си има работа кога е во прашање љубовта…

Оти „Не лути се човече“ не и се игра, а башка, на малиот ќе треба и да му попушта…

Некому возраста не му е важна, му беше важно нешто друго, многу поконкретно, па такво му беше и прашањето… Посака да го заземе местото на „омилената секс играчка“ на битолската пејачка. Ама како што е општо познато, Тоше е еден и единствен и незамнелив, па затоа и Марија го разочара мераклијата, скратувајќи му ги желбите и очекувањата.

Сепак, победникот во поставување најинтересни прашања беше сосема друг, кому сомнежот му го потиснал и фетишот, па ја праша Марија дали размислила дека за секоја            брава, па и за нејзината, можеби има и скриен клуч…

Ама не до вратата на нејзиното срце, туку до онаа – надворешната дома?!

„Аха, ха, ха…. Крај, победи прашањето за денес, ха, ха, ха“ – финишираше со прашањата и одговорите Марија Луиса Тодоровска…

Да порасне и да се подмлади секако не може, со деца не сака да се плетка и да си има работа, хулахопките не и се на продажба, срце нема некого да камшикува, Тоше дефинитивно за ништо не го менува…

Само кој знае дали Марија си легна со мисла, уште утредента да проба сама да ја смени бравата на влезната врата?!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

To top