Радио Милева горди на убавицата

Мама и дада во прв ред и беа поддршка на „најмалата“: Ќерката на Маја и Дарко Панчеви чекореше на пистата на Моден викенд Скопје

Мама и дада во прв ред и беа поддршка на „најмалата“: Ќерката на Маја и Дарко Панчеви чекореше на пистата на Моден викенд Скопје

Од изминатата среда, па се до викендов, на Скопје му се случуваше 31-то есенско издание на Модниот викенд, локациски позициониран во еден трговски центар каде се претставија млади домашни и регионални модни дизајнери.

На писта дефилираа доста манекенки и манекени, а меѓу нив чекореше и помалата ќерка на Маја и Дарко Панчеви.

Марија Панчева совршено ги донесе моделите доделени за претставување пред публиката,  особено како  веќе како искусна во светот на модата.

Марија Панчева е девојката за чии модни ангажмани се почесто читаме и ја гледаме во домашните медиуми. Таа е вистинска убавица со идеални манекенски пропорции и е гордост на мама и тато и дада Надица.

Позитивен хаос, многу стилисти за шминка и фризура, дизајнери, организатори, многу гости кои редовно секоја година повеќе сакаат да бидат видени и да седнат во првите редови отколку да купат некој дизајн.

Во прв ред беа и мама Маја и дада Надица кои не пропуштија да ја гледаат, да бидат поддршка и на крај преку социјални мрежи да се пофалат со ангажманот на „најмалата“.

Специфична убавина на Марија е автентична и поразлична од се’ она што денешното модерно време го пласира и истакнува кога женската убавина е во прашање.

Млада, убава, згодни, полна со енергија, страст и возбуда која блика од секој  чекор, поглед, насмевка…

Наследничка чие време допрва доаѓа…

фото: Instagram printscreen/ grozdanovskapancheva

To top