Радио Милева си знае каде му е местото

Малиот Љуба од „Пинк ѕвездички“ порасна, па доби понуда од 100 илјади евра за да влезе во ријалити

Малиот Љуба од „Пинк ѕвездички“ порасна, па доби понуда од 100 илјади евра за да влезе во ријалити

Младиот Љуба Станковиќ стана познат со учеството во музичкото натпреварување „Пинк ѕвездички“, каде што победи.

Многумина го нарекоа чудо од дете поради неговиот талент за музика. Речиси никој не можеше да одолее на неговиот глас и шарм.

Љуба денес порасна во вистинско момче и доста се промени во споредба со периодот кога постојано го гледавме на малите екрани.

Му предвидуваа блескава кариера, но младиот пејач денес не е толку застапен на јавната сцена, иако луѓето сè уште веруваат дека неговото време допрва доаѓа.

Љуба е снимен во домашно издание додека ја пее песната на Милена Ќераниќ „Кривог бих те бранила“, која стана вистински хит на социјалните мрежи.


Љуба Станковиќ еднаш откри дека му било понудено да влезе во реално шоу, а сумата наводно била дури 100.000 евра.

– Вистина е дека добив понуда да влезам во реално шоу, кога бев многу мал, снимав песна со Северина. Сакаа да влезам, му понудија на татко ми 100.000 евра, но тој не дозволи – рече малиот Љуба и додаде:

– Тој рече: „Што има таму да види? Како се караат и тепаат“. Сето тоа ми изгледа интересно, додека го гледам на малите екрани, но не мислам дека му е местото таму. Јас не би влегол ни сега, гледам во мојата насока, да бидам во студио што е можно повеќе и да работам на нови песни. Веќе не сум за никаков вид натпревар, ниту за реални шоуа – еднаш рече Љуба Станковиќ за Информер.рс

фото:Instagram printscreen/ljubastankovic_official_

To top