Макфестовскиот хит „Врати ми го сонцето“ кој во 2013 година и донесе победа на Александра Јанева, доби своја финска верзија. Откако, авторот на оваа песна Ристо Самарџиев добил барање од Kari Jokelainen од Финска да ја преработи неговата песна.
„Не знам како дошле до мојата адреса, се зачудив и пријатно се изненадив. Уште помило ми беше кога ми рекоа дека ја слушнале песната „Врати ми го сонцето“. Ми побараа дозвола да ја преработат и ме прашаа како да се регулираат авторските права. Им реков: ‘Не треба ништо, слободно преработете ја, важно е да се пее песната‘“, изјави Самарџиев за smart.sdk.mk.
Ова ќе биде насловна песна на истоимен албум на Финецот, кој во најавата на албумот вели:
„Впуштете се во музичко патување како ниедно друго со „Sain sulta auringon“, извонредна колекција од звучни богатства што ќе ги плени вашите сетила и ќе ве однесе во нови сфери на аудитивно задоволство. Првата песна во овој фасцинантен албум е ремек-дело само по себе, спојувајќи сложени мелодии со срдечни текстови за да создаде незаборавно аудитивно искуство. Албумот ја слави богатата аура на финската музика, спојувајќи ги традиционалните елементи со модерната иновација за да создаде звук кој е истовремено безвременски и свеж. Со динамичната енергија на Ристо Самарџиев и евокативните композиции, „Sain sulta auringon“ ветува дека ќе ги плени слушателите од сите сфери на животот.“