Радио Милева на чекор до европскиот врв...

Македонското „чудо од дете“ ита кон музичкиот европски врв на таленти: Тина Русева влезе меѓу шесте финалисти на престижниот „The Voice of Еurope“

Македонското „чудо од дете“ ита кон музичкиот европски врв на таленти: Тина Русева влезе меѓу шесте финалисти на престижниот „The Voice of Еurope“

Младата македонска пејачка Тина Русева направи огромен успех на престижниот европски натпревар „The Voice of Еurope“. Со искреност, упорност и силна емоција во гласот, Тина го покажа својот неоспорен талент и влезе во една од најважните фази од музичката приказна која ја започна. Таа со својот настап успеа да стигне до Топ 6-те финалисти, потврдувајќи дека е еден од најталентираните учесници во ова престижно, европско, музичко шоу натпреварување.

Пласманот меѓу шесте најдобри гласови во Европа  беше предизвик што во целост зависеше од онлајн поддршката на публиката која знаеше да го препознае и награди со свој глас нејзиниот талент.

Затоа Тина на своите следбеници им се заблагодари на поддршката и сподели дека овој успех не е случаен, туку резултат на заедничка енергија, доверба и љубов кон музиката.

„Луѓе мои… што да кажам?

Да се стигне до Топ 6 на „The Voice of Europe“ е огромна чест и признание, но уште поголема е одговорноста што доаѓа со рекордната поддршка од сите вас. Овој успех не е случаен! Тоа е резултат на заедничка енергија, доверба и љубов кон музиката. Секој глас што го добив, секоја порака и секој збор на поддршка ми покажаа дека овој пат не го одам сама. Луѓето препознаа искреност, емоција и вистина и токму тоа ми дава сила да одам понатаму, посилно и похрабро. Топ 6 е потврда дека сум на вистинскиот пат.

Голема благодарност до сите што гласаа и што продолжуваат да веруваат. Вашата поддршка е мојот најсилен мотив. Заедно покажуваме дека со срце, работа и верба ништо не е недостижно. Ова не е крајна дестинација. Ова е чекор поблиску до сонот. Продолжуваме кон Топ 3 – заедно. За следните селекцијии и начинот на избирање секако ќе бидете информирани наскоро!

Ве сака Тина Русева“ – споделила таа на својот Фејсбук профил.

Со искрена емоција во интерпратициите и својот талент кој „го истура“ во настапите, Тина Русева продолжува да ја освојува европската музичка сцена, носејќи и гордост на Македонија на меѓународен музички план.

Следниот предизвик за Тина е борбата за Топ 3, а за начините на натамошното избирање и следните селекции, јавноста ќе биде наскоро информирана. Ова не е само нејзин сон – ова е момент кога поддршката станува дел од успехот кој се надеваме и во големото финале ќе и помогне да се искачи на самиот врв на европските пејачки таленти.

Инаку поддршка Тина Русева доби и од групата  „Нокаут“, за време на новогодишната турнеја на македонскиот бенд низ неколку града во Германија, каде Пере и екипата не само што се сретнаа и запознааа со македонскиот „златен глас на Европа“, туку Тина беше и  специјален гостин на сцената на нивниот настап во Диселдорф.

„Премногу ми е драго што во Дизелдорф имавме можност да ја споделиме сцената со прекрасната @tina.ruseva натпреварувачка од The Voice of Germany со извонреден глас и моќен настап. Нејзиниот перформанс во Club-Culb беше идеален вовед пред нашиот сет. Голема чест за соработката-Нокаут & Тина Русева и продолжуваме да твориме музика што спојува!“ – сподели тогаш лидерот на „Нокаут“, Никола Перевски – Пере, на својот Инстаграм покрај заедничките фотографии со македонската гордост Тина Русева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)

Фото: Инстаграм/tina.ruseva

To top