Во биографијата му стои дека е автор, новинар и ТВ водител кој стана многу попознат по својот необичен прекар или уметничкото име, како сакате, отколку по вистинското име и презиме. Дипломирал на Институтот по социологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и методиј во Скопје. Работел во најпознатите македонски ТВ куќи Сител и канал 5 Како уредник на вести. Бил автор на музички емисии, објавувал колумни во некогашниот најтиражен дневен весник Дневник и неделникот Фокус.
Во 2006 година стапил во брак со уште едена наша позната радио и ТВ водителка, со која имаат две деца, синот Мате (2006 година) и ќерката Бела (2010).
Познат е и како неколкугодишен водител на македонската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“ кој одеше на сега непостоечјката А1 ТВ, а од 2012 го основа и порталот офф.нет.мк
Ако се’ уште не го препознавте или можеби не ви се верува дека ова може да биде тој, сепак грешите. Да, тоа е тој – Сашо Мацановски попознат како Трендо, само сега во едно сосема поинакво издание кога е физичкиот лик во прашање.
Некогаш потсрижан, избричен, налицкан, костумосан… денес со долга коса и бела брада. Тотална трансформација од само нему познати причини, иако без оглед на речиси непрепознатливиот физикус и денес и понатаму е оној стариот добар Трендо… Со сопругата Зорица Црношија и нивните деца.
Фото: Facebook/Zorica M. Crnosija/Saso Macanovski Trendo