Радио Милева свадбена рапсодија

Македонскиот модел во две варијанти: Бојана Нушкова покажа како би изгледала како невеста, но и каква моќ има еротската долна облека за првата брачна ноќ (ВИДЕО)

Македонскиот модел во две варијанти: Бојана Нушкова покажа како би изгледала како невеста, но и каква моќ има еротската долна облека за првата брачна ноќ (ВИДЕО)

Бојана Нушкова е  вистинска убавица од новата генерација македонски манекенки и модели, со сексапил на на кој никој не може да и одолее. Девојка од соништата, на која дамите и завидуваат, по која машките воздивнуваат, копнеат и сонуваат.

А, сонот на (речиси) секоја девојка е еден ден да биде дама во бело… Невеста на сопствената свадба, па затоа нема која не си замислува како ќе изгледа тој ден. И венчавката и свадбената церемонија, ама и самата таа како невеста. Каква креација ќе одбере, што ќе носи на себе, од чевли до аксесоари, шминка, фризура и се рзбира самата венчаница.

Годинешниот саем за венчавки  (21-23.02.2025  х. „Александар Палас“) беше згодна прилика за секоја идна невеста да ја види богатата понуда, ама и за оние познатите кои ги носеа моделите, да видат како би изгледале на еден од нивните најзначајни денови во животот, или да се потсетат на истиот, ако веќе барем еднаш ја минале свадбената церемонија!

Меѓу сите модели и Бојана Нушкова… И тоа во елегантна, деколтирана, корсет венчаница, во сирена крој… Колку за да покаже како би изгледала како идна невеста иако далеку од тоа дека и е прв пат да го симулира невестинскиот аутфит за свадбениот ден. Само сега во поинаква варијанта, на пример од неодамна, кога за потребите на една фотосесија облече венчаница од проѕирна тантела со шлиц до колкови или препони, кој како ја перцепира долгоногата убавица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Арно ама, денот на свадбата има и второ полувреме, или трето – за кого како, кое се нарекува „прва брачна ноќ“! До душа, за многу парови оваа ноќ оддамна ја има изгубено својата еротска моќ, зашто љубовната магија уште многу пред тоа е почувствувана, па наместо по свадбата да ја делат интимата, многумина ги бројат парите од свадбата до разно изутрина.

Се разбира, не сите, па за оние кои за прв пат, (ако има такви) или оние кои одново ќе посакаат да почувствуваат  каква  магична моќ има еротската долна облека за првата брачна ноќ, Бојана Нушкова им приредила показна вежба. Демонстрација на секси парчиња кои возбудата ја прават неодолива, доведувајќи ја желбата до ниво на фатална опсесија за единствено чувсто и обострано задоволство!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Се разбира ако невестата барем малку наликува на телесно раскошната македонска убавица во чија еротска привлечност секој вистински маж долго ќе се “ѕвери“, кога ќе ја види вака неодоливо пожелна во проѕирни танга гаќички и жартиери.

Конечно, ова издание на Бојана не мора да е само свадбен еротски аутфит под невестинската венчаница, па и пред првата брачна ноќ во било кое доба, може да има “илјада и една генерална проба“!

Фото и видео: Инстаграм/boyananushkova

To top