Во најновото издание на популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ недостигаше еден македонски кандидат кој важи за фаворит за победа.
Станува збор за 29 годишниот Кристијан Марковски од Гевгелија кој не успеал да дојде на снимањето од последното снимање, а за да нема прашалници за неговите поддржувачи, менторот Ѓорѓе Давид ја појасни ситуацијата.
„Кристијан не можеше да дојде, се слушнавме бидејќи има сериозни семејни проблеми. Ќе ги потсетам луѓето дека тој е сериозен потенцијал и талент, и јас се надевам дека ќе се врати во натпреварот кога ќе ги надмине проблемите. А сега, ниту овој натпревар, ниту јас како ментор не можеме да сметаме на него“, образложи Ѓорѓе Давид по настапот на кандидатката Јелена која требаше да биде противкандидат на Кристијан.
Инаку, Кристијан Марковски стигна до повисоките кругови и во 2021 година кога се натпреваруваше во истото шоу, а годинава реши повторно да се пријави и да биде еден од најпофалените, редовно со шест гласови и одличен пласман.
Ѓорѓе Давид беше горд на тоа што токму Кристијан е во неговиот тим, а особено што го избрал токму него за ментор.
Се надеваме дека проблемите ќе бидат надминати, а Кристијан ќе се врати на сцената.
фото:Instagram printscreen/kristijanmarkovskii