По објавувањето на вториот албум „Заговор“ и успешната летна турнеја, „Conspiracy“ со гордост го најавува првиот самостоен концерт во Младински Културен Центар (МКЦ) – Скопје, вечерва, петок, 31 октомври 2025.
Conspiracy е македонски треш/хеви метал бенд формиран во Скопје во 2016 година. Потекнувајќи од урбаните улици на Скопје, членовите на бендот првично се поврзале преку заедничката љубов кон металот, рокот, пaнкот и андерграунд музичката сцена. Она што започна како група млади музичари кои се дружат по кафулиња и посетуваат локални свирки, прерасна во моќна музичка сила која денес е едно од највпечатливите имиња на регионалната метал сцена.
Обединети од страста и љубовта кон музиката, Conspiracy создаваат авторски материјал кој кулминира со деби албумот „Dehumanized“ (2019), сурово и агресивно издание што веднаш привлече внимание.
Во 2020 година, со сегашната постава – Стефан Трајкоски (гитара/вокали), Адриан Петров (соло гитара), Александар Стефановски (тапани) и Раде Биковски (бас), бендот го усовршува својот стил, комбинирајќи брзи и хеви рифови со позрела и поуникатна звучност. Со сингловите „Гнев“ и „Прогонува“, Conspiracy го дефинира новиот правец и ја потврдува својата репутација, настапувајќи на бројни фестивали низ Балканот.
На 6 јуни 2025 година излегува нивниот долгоочекуван втор албум „Заговор“, бескомпромисно издание кое ја комбинира класичната треш енергија со модерни метал грувови, покажувајќи ја зрелоста, страста и посветеноста на бендот кон метал сцената.
Како поддршка ќе се придружат:
„Последен удар“ – бенд кој го носи звукот на панк рок, ои и стрит панк, прикажувајќи ја сликата на бетонската џунгла во нивниот роден град Скопје.
Стефан Петановски е гитарист, композитор и продуцент од Скопје.
Специјални гости:
Шпирт и Црни од легендарниот метал бенд „Санаториум“, едно од највлијателните имиња на македонската метал сцена.
Влезниците се достапни online на https://mktickets.mk/event/cons/
Early Bird (првите 100 влезници) → 300 ден.
Редовна цена → 400 ден.
На врата → 500 ден.
СПЕЦИЈАЛНО КОМБО: Влезница + T-Shirt + CD „Заговор“ → 1200 ден.







