Мегафон

Македонски пејачи и диџеи ќе настапат на првиот „Урбан ФМ фестивал“

Македонски пејачи и диџеи ќе настапат на првиот „Урбан ФМ фестивал“

На 9 јуни во скопскиот Градски парк на локацијата „Вембли“ од 17 часот ќе се одржи првиот „Урбан ФМ фестивал“.

„Фестивалот ќе има за цел да внесе нова авангардна културна содржина на Скопје и да ја запознае широката публика со музичката креативност, на отворено да се слушнат бројни жанрови на музика“, велат од „Урбан ФМ“ кои го организираат фестивалот по повод нивниот прв родеден. Од радиото велат дека фестивалот ќе биде маратонски, а програмата ќе ја емитуваат во живо.   Настапуваат: Роберт Билбилов, Пајак, Таско, Сара Мејс, Тони Зен, Александра Јанева, Лара Иванова, Зарина Првасевда, Алексадар Тарабунов, Ивона Јо, Тамара Волческа, Теа Трајковска и многу други.

To top