Радио Милева скандал...

Македонската „Ѕвезда на Гранд“ и неговата колешка среде клубски настап беа грубо понижени од Весна Ѓогани: „Ајде доста е, во дискотека сме, не на свадба“…

Македонската „Ѕвезда на Гранд“ и неговата колешка среде клубски настап беа грубо понижени од Весна Ѓогани: „Ајде доста е, во дискотека сме, не на свадба“…

Младиoт македонски пејач Дарко Ѓорѓески  кој по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ сега настапува заедно со неговата колешка Миа Смиљаниќ доживеале голема непријатност на настапот што го одржаа викендов, која им ја приредила нивната постара колешка Весна Ѓогани, која се обиде да ги „понижи“ на многу грд начин. Имено, тие двајца настапуваат по клубови во дијаспората, а последниот настап го имале со групата Ѓогани.

 

Како што изјавил за српски Телераф очевидец од клубот, Весна Ѓогани на најгрд начин ги прозвала своите помлади колеги и им го прекинала настапот.

„Се започна многу весело и вечерта ја отворија Миа и Дарко, кои пееја еден час, а потоа Весна и Ѓоле продолжија зад својот блок. По нив, Дарко и Миа повторно се вратија на сцената, а кон крајот на нивниот втор блок, на барање на гостинот и согласност на сопственикот, тие двајца се симнаа осцената и дојдоа до сепарето покрај бината и продолжија да ја„креваат атмосферата“ меѓу публиката. Бидејќи ги „таргетираа“ добрите песни и си заработија добар бакшиш, тоа очигледно ги изнервира Ѓогани“ – рекол изворот.

Миа и Дарко го кренале расположението  до лудило, но непланирано влегле во терминот на колегите, па Весна направила потег кој сите ги изненадил, па дури и изнервирал многумина.

„Додека гостите бараа повеќе песни од двајцата, Весна и Ѓоле полека излегоа на сцената и побараа од нивниот клавијатурист да престане, на што клавијатуристот многу учтиво му рече дека завршуваат само пејалите да ја допеат песната и како што доликува, да им се заблагодарат на гостите. Во тој момент, Весна го зема микрофонот и на најмизерен начин се обиде да ги понижи своите помлади колеги, од само нејзе позната причина:

„Благодарам, одиме понатаму, сепак, во диско сме, а не на свадба“, рекла Весна на микрофонот. Неверојатно понижувачкиот потег на Весна Ѓогани го остави целиот клуб во шок, а нејзините помлади колеги со своите реакции „и одржаа лекција за пристојност и колегијалност“. Со потврда за вистинитоста на случката се огласил и младиот пејач на својот Инстаграм.

 

„Миа и Дарко не реагираа на прозивката и се однесуваа многу пристојно и учтиво. Тие ја напуштија сцената, а публиката остана во шок.

На крајот на краиштата, од потегот на Весна беше јасно што ја мачеше, бидејќи таа го продолжи блокот токму во правецот кој го водеа Дарко и Миа цела вечер – заклучува изворот.

Потсетуваме, Миа и Дарко се прославија во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто продолжија со заеднички настапи.

Тие веќе имаат неколку хитови со милионски прегледи на Јутјуб, а деновиве го објавија и спотот за песната „Мами“ која веднаш стана голем хит, но и ги воодушеви нивните заеднички фанови.

24 годишниот Дарко е по потекло е од Македонија, а пред да се пријави во  „Ѕвездите на Гранд“ живееше во Австрија. За него и за неговата колешка Миа Смиљаниќ се говореше и дека се во врска, а овие гласини станаа уште посилни по нивниот нов спот. Миа и Дарко досега ги немаат ниту потврдено, ниту пак демантирано овие гласини, но во новиот спот тие се многу блиски и цело време страсно се гушкаат.

Фото: Инстаграм/djoganivesna/omgdarko

To top