Радио Милева веренички прстен за брачна понуда

Македонската спортска двојка Андреја Атанасов – Јована Кипријановска ја крунисаа љубовта: Одморот на Сардинија го искористи да станат фамилија, откако тој ја побара за жена, а таа кажа – ДА!

Македонската спортска двојка Андреја Атанасов – Јована Кипријановска ја крунисаа љубовта: Одморот на Сардинија го искористи да станат фамилија, откако тој ја побара за жена, а таа кажа – ДА!

Македонската ракометна репрезентативка Јована Кипријановска официјално влегува во ново животно поглавје. Таа го прифати предлогот на својот партнер, кошаркарот Андреја Атанасов, откако понудата за брак падна на   романтичната дестинација на која двајцата заљубени се одмораа, прекрасната Сардинија.

Нивната љубовна приказна  била зачинета со волшебство кога дошол  магичниот момент на живописниот медитерански остров, со поглед на тиркизните води кај Каљари.

Младата кумановка без двоумење  ја прифатила брачната понуда изговарајќи го потврдно зборот – „ДА“ откако нејзиниот партнер ја побарал за жена изненадувајќи ја на најнеобично место – додека се возеле во гуменото кајче уживајќи на орската шир.

Веднаш потоа младата ракомтарка ја споделила радосната вест преку лајв видео и фотографии и со своите најбиски, другар(к)ите, колегите… како и со целата јавност, откако романтичниот миг  бил овековечен, а вљубената спортска двојка фотографиите ќе ги сподели на социјалните мрежи. На нив идната невеста ЈОвана гордо се пофалила со вереничкиот прстен кој го добила од својот сакан Андреја.

Инаку, Кипријановска, која изминатите три сезони ги мина во Франција, од следната сезона ќе се пресели во Унгарија, каде ќе настапува за тимот од Сомбатељ.

„Јас како мала бев многу енергично дете и почнав да одам балет, односно на хип-хоп танцови. Едно четири години со тоа ми беше исполнето слободното време. Во меѓувреме се отвори женски ракометен клуб во Куманово и татко ми, Никица Кипријановски, кој има играно ракомет во своите млади години, ме праша дали сакам да видам како изгледа и што е тоа ракомет? До пред тоа немав ни гледано толку спорт на телевизија, немав многу допирни точки, не бев запознаена со ништо. Тогаш почнав да одам на тренинзи – таму се учат основните работи и така се’ започна“ – ќе изјави во едно свое интервју младата, шармантна кумановка

Атанасов, пак, во штотуку завршената сезона беше дел од кошаркарскиот второлигаш Охрид.

Инаку Андреја кон крајот на мај дипломирал на „Факултетот за туризам и угостителство“ во Охрид.

Фото: Инстаграм и Фејсбук/Andreja Atanasov/jovanakiprijanovska

 

To top