Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен синоќа, 2 август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.
Српските медиуми пишуваат дека Раста е уапсен за поседување наркотици. Раперот бил врзан со лисици од страна на полицајците пред хотелот, пред да отиде на настап.

Патем, ова не е прв пат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици.
Сега и од Македонската полиција го објавија следново соопштение:
– На 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници на Криминалистичката полиција на Секторот за внатрешни работи во Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, од кого при претрес беше пронајдена и запленета наркотичната дрога марихуана. Осомничениот е задржан во полициската станица, а по комплетирањето на документацијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се наведува во соопштението што Телеграф го доби од г-дин Стефан Димоски, портпарол на охридската полиција.
Се очекуваат понатамошни постапки во овој случај.

Да потсетиме дека Раста веќе беше уапсен во 2020 година, кога кај него беа пронајдени пет грама марихуана, а по претрес на неговиот стан, дополнителна количина сканк. Потоа помина три месеци во притвор, а подоцна беше осуден на осум месеци домашен притвор.
фото: printscreen/instgaram




