Радио Милева мисицата се збогуваше со политиката

Македонската опозиција (о)стана погрда: Мисицата од „Дрисла“ во политиката повеќе не гледа смисла, па Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП (ФОТО)

Македонската опозиција (о)стана погрда: Мисицата од „Дрисла“ во политиката повеќе не гледа смисла, па Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП (ФОТО)

Билјана Јаневска, генерален секретар на Општинската организација на Либерално-Демократската Партија во Карпош, денеска поднесе оставка од сите партиски функции. Оставката, вели, ја поднесува од лични причини.

“Би сакала да ја информирам јавноста дека денеска поднесов неотповиклива оставка од сите мои функции во Либерално демократската партија. Сметам дека дадов свој придонес во ЛДП, а оставката ја поднесувам од лични причини кои заради коректност кон партијата, нема да ги образложувам.  Денес, завршува оваа моја заложба која што беше полна со предизвици, искачувања и падови. Продолжувам онаму каде што ќе можам да го дадам својот придонес со моето образование“ – обзнани јавно на својот Фејсбук Јаневска.

Инаку Билјана Јаневска е некогашна манекенка, мисица и модел, денес со магистерска диплома во џебот, а  до денес беше и на општинска партиска функција. Позната како „мисицата од Дрисла“ зашто денес работи токму на најпознатата скопска депонија, како дипломиран инженер по екологија, поточно магистер за управување со отпад.

Воедно важеше за една од најубавите Макдонки на политичката сцена, па сега опозицијата со нејзиното заминување останува „погрда“.  Колку навидум партиската оставка на мисицата од „Дрисла“ е заради тоа што таа во политиката повеќе не гледа смисла, инсајдерските информации говорат дека причините не се само политички, туку по се изгледа има многу вистина во она „лични“ во нејзината официјална изјава.

Наводно,  убавата и сексапилна довчерашна општинска ЛДП функционерка, постојано добивала сопки од поединци и поединки во партијата, меѓу кои и нејзината лидерка Моника Зајкова. Колку е ова така, знаат само тие двете, иако стара вистина кај дамите е дека онаа што е погоре (во случајов – најгоре) во хиерархијата, тешко ја  поднесува туѓата женска убавина, која и е еден вид конкуренција. Иако и убавината и функцијата се минливи, сепак една од двете, очигледно морала прва да замине… Посилната или поубавата, јавноста нека цени самата?!

Според размислувањата на екс мисицата и доскорешна политичарка, потегот на заминување од политиката било нешто што оддамна требала да го направи, зашто не е скроена да „плива“ во „игрите на дворот“, туку многу поважен и е мирот и спокојот.

Јаневска сега целиот свој капацитет и знаење решила да и го посвети на работата во Дрисла.  Можеби како единствената на светот која ја нашла хармонијата во спојот на убавината и депонијата!

Ретки се исклучоците кои го потврдуваат правилото, дека „убавината и политиката“ можат да одат „под рака“ заедно, ама во случајов на политиката очигледно и е сеедно! Таму за да успееш, веројатно нешто друго е многу поважно?!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/biljana_janevska

 

 

 

To top