Македонската оперска пејачка Тамара Ангеловска се врати инспирирана од два силни меѓународни проекти: Летен рецитал во Рим и турнеја со аниме музика во Кина.

Во интервју за Classic FM Radio – првото радиомза класична музика во Бугарија каде Тамара ја заврши и музичката академија, таа зборуваше за своите искуства на сцените на Театро ди Марчело во италијанската престолнина, како и во шесте кинески мегалополиси. Тамара не изостави да ги спомене и тешкотиите, но и возбудата за време на концертите.

На 20 јули, во рамките на престижниот фестивал „Кончерти дел Темпието“ во Рим, Ангеловска изведе програма од италијански бел канто дела и неаполски песни во придружба на Марио Јоцов на пијано. Балканските бисови – арии од Томислав Зографски и Парашкев Хаџиев, кои ја трогнаа италијанската публика со својата емотивност, предизвикаа особено силен одзив.

„Љубовта и искреноста се чувствуваат. Ова е моќта на балканскиот уметник“, рече Тамара.

Оперската певица бепше пријатно изненадена од публиката зашто во првите редови имаше млади вљубени парови, кои ѝ дадоа дополнителна енергија.

„Љубовта е движечка сила. Кога ќе ја видите пред себе, пеете со уште поголема страст“, раскажа Тамара.

Во мај и јуни оваа година, Тамара Ангеловска одржа аниме концерти и во Кина во придружба на Српскиот симфониски оркестар, под диригентската палка на Кеничи Шимура.

Според младата македонска оперска уметница, искуството било физички исцрпувачко поради временската разлика, жештината и густиот распоред, но публиката и компензирала со енергија и непрекинати овации.

„Кинеската публика е уште поекспресивна од италијанската. Буквално скокаат од своите места!“, нагласи Тамара, која ја очекуваат уште нови настапи. Така, во септември ќе се појави во операта „Турандот“ со Миланската академија, а на 27 септември ќе одржи рецитал во Софија заедно со пијанистот Марио Јоцов, на кој ќе бидат вклучени и нови арии од Пучини и класичниот италијански репертоар.

„Операта е празник и за уметниците и за публиката. Дрес-кодот е почитување на уметноста, а сцената е поле за искреност“, коментираше Ангеловска за мерките што ги воведе Миланската опера „Ла Скала“ поврзани со облеката на публиката.

Фото: Инстаграм и Фејсбук/tamaraangelovska
Извор: classicfm.bg




