Секоја недела, македонската сцена гори од енергијата на најубавите звуци на народната музика! Точно во 16:15 на Телевизија Алфа и во 20:00 на Балкан Мјузик, емисијата „На здравје“ повторно ги собра најдобрите изведувачи, спојувајќи ја традицијата со новите генерации.
Шоуто започна со моќната изведба на „Иневска гајда“, каде што младиот Петар Трајков во придружба на Групата Круна покажа маестрално владеење со инструментот. Македонскиот дух силно одекна уште од првата нота, оставајќи без здив и публика и гледачи.
Домашниот водител Орде Неделковски најави вечер полна со изненадувања, а сцената ја презедоа некои од најголемите македонски музички имиња. Петар Нечовски со „Ти си моме идеално“ ја врати публиката во времето на вистинските македонски шлагери, додека Гордана Костоска со легендарната „Ако умрам, нека изгорам“ внесе емоција што се почувствува во секоја душа. Емисијата продолжи со енергичните настапи на Немања Денчиќ, Спасен Силјановски, Дани Даниела, Кристина и Слободан Трајкови, кои се погрижија за вистинска фолклорна експлозија. А кога Витруоз Бенд ја запеа „Тинке Катинке“, веселбата доби нова димензија!
Вистинскиот момент на вечерта дојде со настапот на Елена Јовческа – нејзината гајда во придружба на Групата Круна предизвика вистински делириум во студиото! Публиката на нозе, еуфорија во секој агол – македонската традиција во својата најдобра форма.
Шлаг на тортата беше извонредната изведба на „Малешевско оро“ од Влатко Ѓоргиев и Џељо, ставајќи точка на уште едно спектакуларно издание на „На здравје“.
Ако го пропуштивте ова музичко уживање, не заборавајте да ги погледнете настапите на YouTube каналот на Балкан Мјузик.
До следниот пат – повеќе музика, повеќе традиција, повеќе македонски ритам!