Иако сите три пејачки потекнуваат од различни градови и се на различна возраст, тоа не ги спречи Тања Јовановска – Трајкова, Адријана Ацевска и Стојне Николова, заеднички да замината на одмор далеку од родната Македонија.
На Адријана ваквите летни излети не и се страни, зашто и порано занела со други колешки да посетува егзотични дестинации, додека Тања најчесто тоа го прави заедно со семејството, сопругот Младен које нејзин придружен музичар и ќерката Драгана, која полека станува нејзина наследничка, па тоа така го направи и овој пат. Ним во оваа прилика им се придружила и најмладата меѓу нив, атрактивната струмичанка Стојне, па сите три заедно заминале за Шпанија.
Сончевата Палма Де Мајорка како едно од најпознатите европски и светски летувалишта била нивната крајна дестинација за оваа прилика.
Така триото фолк убавици се најде на исто место на заедничко полнење батерии. Тања се разбира повеќето од времето му го посветила на семејството, иако не изостанала ниту дружбата и забавата со нејзините помлади колешки.
Иако од сите три највозрасна, атрактивната кумановка во едноделен костим за капење покажува дека одлично изгледа. На дамите не им се бројат годините, ама сепак кога ќе ја видите онака испружена на дрвената платформа, никогаш нема да погодите која и е возраста…
И не треба, зашто Тања Јовановска Трајкова, и тоа како се’ уште може да се носи со своите помлади колешки и да им парира во нивниот изглед и убавина како одлично сочувана дама.
Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш не е тинејџерка, иако не е далеку од тоа како изгледа. Атрактивниот изглед и дава за право да ги сподели своите бујни атрибути, во различни прилики, па и на плажа.
Во бикини и плетен комплет пејачката и новопечена поткаст водителка изгледа најсекси на свет. Ако на сцената умее како да испее, во подкастот има што да каже, штом се соблече, госпоѓица Кеш и тоа како има и што да покаже!
Затоа и просто е зачудувачки како е уште сингл? Барем јавно! Освен ако животот кој е толку едноставен, самата не си го… комплицира?
Стојнето е една од оние кои во последно време стануваат се поатрактивни, ама и се попопуларни. И по песните и по појавата, изгледот, облекувањето, однесувањето… Од срамежливо скромно и помалку уплашено девојче од струмичката околија, Стојне Николова прераснува во атрактивна, заводлива секси фолк убавица, какви што знае да дава нејзината родна Струмица!
Уште кога кусото мини, ќе ги замени со секси бикини, Стојнето блеска како „сонце на песокот“…
Како морска сирена испружена на брегот со песок во косата и сол во воздухот. Останува само уште како во грчките митови, некој „заталкан морнар“ да „падне“ на нејзината заводлива песна… Ако веќе некој не и „удавен“ во нејзините прегратки во чии задоволно спие, ама Стојнето тоа љубоморно го крие?!
Како и да е, македонската фолк тројка заедно летуваше на Мајорка. Според прикажаното, веројатно убаво си поминале, а според локацијата и цените во Шпанија, уште поверојатно дека претходно и добро заработиле!
Фото: Инстаграм/stojne_official/adrijana_acevska/tanjajovanovskaa