Македонската актерка Емра Куртишова попозната како Исаура од улогата во популарната серијата „Преспав“, заедно со сопругот и колега Петар Стојанов и ќеркичката Лена заминаа на семеен одмор за заеднички да ги искористат слободните денови.

Малата наследничка е во центарот на нивното внимание, а за разлика од повеќето познати личности, Емра и Петар веднаш и ја претставија на јавноста, а и сега со задоволство споделија од убавите моменти за спомен.

Тие направија и еден фамилијарен портрет на брегот на Боденското Езеро – Костанз, еден од најубавите градови во Германија каде насмеани и расположени позирале пред објективот.

Инаку, со оглед на тоа дека таму живее сестрата на Емра, посетата е уште поубава, поемотивна и полна со семејна радост.
foto: printscreen/instagram







