Изминатата сабота беше особено возбудлива вечер за македонските гледачи на регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“. Причина за тоа беше што во истата вечер од осмиот круг на сцената се претставија нашите титани, велешанецот Мики Секуловски и скопјаните Омар Џафероски и Андријана Петрушовска.
Се’ на се’ една комплетно возбудлива вечер особено за жирито кое без нималку двоумење не ги штедеше дланките да додели по шест гласови за секој од нив.
Овој пат дури и коментарите беа сведени на минимум со тоа што немаше на кого од нив не им се поласка иако имаа силна конкуренција во дуел.
Прв го видовеме и слушнавме Мики кој овој пат закрепнат за разлика од минатиот пат, па очекувано за него шестките летаа без дилема, а неговата менторка Цеца не пропушти да покаже колку е горда што има таков кандидат, па по традиција излезе да го гушне на сцената.
Следна по него беше Андријана Петрушовска која особено се истакна со изведбата на моќната и „захтевна“ песна од групата „Негатив“, „Ти ме не волиш“ со која грмеше во високите делови.
Ниту за неа тастерите на покажаа ништо помалку од шест гласа, но по акапела делот повторно поради изедначеност со другата кандидатка мораша да се фрла паричка, па Андријана немаше среќа и пееше во бараж, секако само поради лошата среќа, но воопшто неважна за да ја гледаме ппнатаму.
Исто толку импресивен беше и Омар Џафероски, но тој убедливо и по акапелата за разлика од другиот кандидат ги освои сите симпатии на жирито за директен пласман.
Од оваа издание може да се заклучи дека нашите врвни вокални таленти допрва ќе не радуваат до самиот крај на финалето од големото музичко шоу, а не е далеку од вистината Македонија повторно да биде победник и оваа сезона.
фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda