Радио Милева дама со искуство

Македонска ТВ водителка Викторија Петровска ужива на Јадранот во своите „десет летни заповеди“ и убавините на животот: „Корисникот моментално не е достапен, ве молиме НЕ барајте го ни подоцна“!

Македонска ТВ водителка Викторија Петровска ужива на Јадранот во своите „десет летни заповеди“ и убавините на животот: „Корисникот моментално не е достапен, ве молиме НЕ барајте го ни подоцна“!

Македонската ТВ водителка Викторија Петровска го привлекува вниманието  каде и да се појави. И на ТВ екраните  со своите емисии како што е “Од своја страна” на ТВ Сонце на пример и во приватноста, особено летово кога реши да се ревитализира, и освежи на Црногорското крајбрежје.

Додека ужива во летните денови на прекрасните црногорски плажи, Викторија редовно споделува бикини  фотографии,  кои предизвикуваат бројни  реакции кај нејзините следбеници.

Кај едни пофалби и комплименти, кај други само чиста возбуда, поттикната од телесниот раскош на бујно надарената водителка.

Таа пак има своја фолозофија на за убавините на животот во летниот период, особено кога е некаде на одмор. Овој последниов, особено корисен и практичен, а уживањето во него не и е попусто, зашто од него  Викторија влече големо искуство кое понатаму многи ќе и вреди, собрано во нејзините „Десет летни заповеди“.

Еве ги од збор до збор, неколкуте работи што ги научила за себе (и животот) на овој одмор:

1. Да си го чуваш човекот што ќе ти ги полева цвеќињата во станот додека тебе те нема – (на овој човек можеш да се потпреш за сѐ, цвеќињата се метафора).

2. Не полни 4 куфери. Аман Викторија, научи веќе еднаш да се пакуваш. (Те молам немој да бидеш како мене, јас ќе пробам да научам)

3. Не може да има два примерока од тебе, но затоа секогаш мораш да имаш човек кој ќе знае да те замени и кога не си тука.
Јас си имам еден – највреден. И песната што оди во позадина на фотографииве му е посветена  (Не знам што би правела без него)

4. Помири се дека нема да се одмориш никогаш. Да драга Викторија. Ти не можеш да се одмориш. (Кај може идиот да одмара – ја цитирам мајка ми).

5. Одморот со сестра ти може да биде забавен (ако ти 24/7 урлаш и не мируваш, а она 15 саати спие )
Шега настрана, патувањата со сестра ми ми се сон

6. Не мораш да направиш 896428 фотографии.
Доволни се по неколку на ден, и вака и така си убава

7. Selfie – ти е чиста работа

8. Не мораш 24/7 да си достапна (на одмор си аман)

9. Не мора да купиш магнети до трето колено од каде и да одиш. (Ги за*оле за твоите магнети и дестинации, купи им некоја чоколада)

10. Не се враќај првиот ден на работа (не прашувај зошто, знаеш)

Остави малку импресиите да ти легнат

Во меѓувреме, од она што го научила, очигледно  веќе почнала по нешто и практично да применува.

Да не споделеше, тешко дека некој ќе дознаеше зашто Викторија  не крева…Освен „сите четири во вис“!

Водителката веднаш по престојот во Црна Гора, заминува за Охрид, каде ќе ја води во живо манифестацијата со јубилејното издание на музичкото шоу „Имат Немат“.

Потоа, Викторија планира да го продолжи летниот одмор токму на охридските плажи, спојувајќи ги убавото со корисното односно работа и задоволство во најубавиот македонски туристички бисер… Веројатно по теркот на сопствените „10 летни заповеди“ поучена  од искуството, кое сега ќе и вреди!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/viktorijapetrovskaa

To top