Покрај признание и статуа, Никола беше награден и со автомобил „Фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.

Цеца особено горда за победата на својот Никола кажа:

– Кога се случи трагедијата во Македонија, Никола сакаше да се откаже. Ми се јави и ми рече „Не можам да продолжам затоа што имам трагедија во моето семејство“. Јас бев таа што го убеди да се врати, му реков дека ништо не може да ја промени ситуацијата. Тоа е нешто што го потресе целиот Балкан и светот. Но, дека тој може да допре до срцата со својата песна и талент – рече Цеца за Гранд, додека Никола ги потврди своите зборови:

– Победив, благодарение на мојата менторка Цеца и на Бога.

Цеца откри дека од првиот ден верувала дека токму Никола може да победи во „Ѕвезде Гранда“.

– Што ти реков кога се сретнавме, да одиме во финалето? Многу сум среќна поради Никола. Тој ја заслужува победата како млад и талентиран човек. Ја заслужува како некој што не го одвлекувал вниманието за време на натпреварувањето и постојано бил наградуван со шестки, а шестките не се добиваат лесно. Бевме добар тандем. Ти посакувам многу среќа во понатамошната кариера, гордо рече Цеца.

За крај, преплавен од емоции Никола достоинствено славеше со „Бисер балкански“ досега се виореше нашето знаме.

Честитки!

фото:You tube printscreen/ Grand Online/Instagram/ Nikola Stanisic