Трета година по ред, Македонија нема да учествува на Евровизија, потврдија од МРТВ. Во предлог-финансискиот план што МРТВ го објави, предвидени се трошоци за Евровизија од два милиона денари, кои ќе се искористат за преносот на трите вечери.
Домаќин на 69. Евровизија ќе биде Базел, Швајцарија заради победата на „биполарниот“ Немо. Првата полуфинална вечер ќе се одржи на 13 мај, втората на 15 мај, а финалето е на 17 мај. Засега, 34 земји го пријавиле своето учество. Од регионот ќе се натпреваруваат Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора, која се враќа по пауза од три години. Босна и Херцеговина не учествува ниту догодина.
Последен пат Македонија беше на Евровизија во 2022 со Андреа Коевска, а последен пат во финалето влеговме во 2019 во Тел Авив, кога Тамара Тодевска со песната „Горда“ (Proud) го освои седмото место, што ни е најдобриот пласман досега.