Пејачот Бобан Цаневски кој пред три сезони ја понесе статуетката СМС победник во популарното регионално музичко талент шоу за повозрасни, „Никогаш не е доцна“. Тогаш со своите маестрални изведби на познати поп-рок и фолк евергрини ја креваше публиката на нозе, мамејќи ги нивните овации и аплаузи, а жирито го оставаше без зборови, зашто на неговите настапи немаше што да се додаде и коментира.

Оттогаш Бобан поретко се појавува со авторски песни, иако не е дека ги нема, како на пример темата „Удри бригу на весеље“ од 2023-та…
ПОвеќе е присутен со кавер верзиите, како на пример ланската, првојануарска преработка на „Налеј“…
Или празничната, 8-ми Септемвриска фантастична переработка на народната песна со патриотска содржина „Послушајте патриоти“ и уште поубавото виидео за неа.
Покрај бројните настапи кои во меѓувреме пејачот перманентно ги има, деновиве Бобан објави интересна вест на својот Фејсбук профил.
Имено, Цаневски повторно ќе оди да е натпреварува и да ја преставува Македонија. Само што овој пат е во прашање најпознатиот и најпрестижен фестивал во не само во Италија, туку веројатно и во цела Европа, популарниот „Санремо“!

Пејачот обзнани дека е избран да настапува вечерта која е насловена „Санремо Сениор“, која е вечер на изведби на повозрасни интерпретатори. Таму Бобан Цаневски ќе ја изведе познатат тема „Ариа“ која своевремено во дует ја испеја и сними нашиот Тоше Проески со италијанската поп дива Џана Нанини.

„Драги пријатели, ми претставува огромна чест и задоволство да ве известам дека овој октомври повторно ќе ја претставувам Македонија надвор од границите, поточно избран сум да настапувам на еден од најистакнатите фестивали во Европа, sanremoSenior , Италија!
Ќе се претставам со песната Aria – Tose Proeski & Gianna Nannini. Тоа ќе биде едно големо искуство и посебно ми значи дека токму на таков начин ќе ја збогатам мојата музичка кариера! П.С. ако ништо друго, барем ќе ја видам Италија“ – се пошегува тој во својата Фејсбук објава.

Како звучи неговата изведба на безвременската „Ариа“, проследете од видеото во продолжение…
Фото и видео: Фејсбук/Boban Canevski







