Радио Милева добитна или погубна комбинација?

Маја Поцевска има своја „Равенка за успех“ со која го „докажуваше“ успехот на Игор Џамбазов: Само што овој ја има најлошата комбинација – „успешен, а несреќен“! (ВИДЕО)

Маја Поцевска има своја „Равенка за успех“ со која го „докажуваше“ успехот на  Игор Џамбазов: Само што овој ја има најлошата комбинација – „успешен, а несреќен“! (ВИДЕО)

Во морето од поткасти, што како најнова мода го поплавија македонскиот медиумски етер, уште една бивша ТВ водителка повторно е сегашна. Маја Поцевска долги години беше „паркирана“ на “стенд бај“, па по долгото отсуство од медиумите еве ја назад. И тоа со сопствена „Равенка за успех“, како што и се вика нејзиниот поткаст кој тукушто го започна.

Водителката старото пријателство го искористи за да го донесе својот прв гостин, мултиуметникот  Игор Џамбазов.

Иако за него можеби се мисли дека се’ е кажано, напишано, објавено, снимено…, по се’ изгледа дека не баш така, зашто маестро Џамбаз има толку долга и бурна животна (и)сторија и приватно и професионално, што секогаш можете од него да слушнете нешто што не го знаете. Само треба да умеете да му ја „отворите душата“.

Водителката на новата „интернет забава“  тргна да ги разложува коцкичките од неговиот живот, па дојде до поентата на своето шоу, онака како што и самото е насловено.

Која е добитната комбинација што е еднаква на „Равенка за успех“, отприлика би можело да се каже дека беше прашањето што домаќинката му го постави на својот мегауспешен гостин, обидувајќи се низ „равенката“ да го натера тој да каже, а со тоа таа уште еднаш да докаже кого седнала на муабет спроти себе.

Арно ама, испадна дека успехот и кога е најголем, не е правопропорционален со среќата. Не барем во случајот на шоуменот, кој и самиот призна дека многупати ја имал најлошата комбинација.

 

„Успешен, а несреќен е најлошата комбинација што може да ти се случи. Јас тоа го имам искусено на своја кожа. Можеби половина од моите најголеми успеси во животот, јас не успеав да ги доживеам… не успевав да се израдувам. Кога во лошо време ќе ти се случи некоја убава работа е исто толку страшно како кога во добро време ќе ти се случи некоја лоша работа…“ – евоцираше ситуации во прошетката по своите спомени на успехот, Игор Џамбазов.

Погледнете и слушнете до крај што се’ самиот кажа во „Равенката за успех“ за најлошата комбинација: Да си успешен, а несреќен!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zase.mk (@zasemakedonija)

Фото и видео: Инстаграм/majapocevska

To top