Во чест на 100 години од раѓањето на сликарот Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата „Охридска порта-Љубица“ и во Куќата на Робевци беа отворени изложби на слики од уметникот кој го воодушеви светот. Наумовски е роден 1924, а почина во 2006.
Овде поминале плејада уметници, артисти, поети, академици кои ја збогатувале програмата. Со мојот татко ја нарековме уметност во уметност. 2 Август има симболика, нашиот голем празник Илинден и по тој повод била првата негова изложба. И оваа година почнавме со камбаните илинденски, па со рециталот на Петар Темелковски ‘Да се биде Македонец’. Јордан Плевнеш напиша песна за која идејата тлеела во него долги години и ја нарече ‘Песна за бесмртниот Вангел, рече на прес-конференцијата во Охрид, синот Рубенс Наумовски.