Радио Милева дупло голо

Љупка Митрова со деколте до папок и шлиц до препони од првиот ред го украде шоуто на Моден викенд Скопје (фото)

Љупка Митрова со деколте до папок и шлиц до препони од првиот ред го украде шоуто на Моден викенд Скопје (фото)

За струмичката инфлуенсерка и модел Љупка Митрова модата е важен дел од нејзиното секојдневие, а кога пак се случува моден настан на домашен терен, нејзиното присуство е задолжително.

Па така, неодамна на стартот од 28-то идание на Моден викенд Скопје, Љупка правец кон главниот град за да биде гостинка на ревиите во знакот на Италија, седната во прв ред.

 

Стокмена тематски, односно со италијански шмек по теркот на ревиите од италијанските брендови кои ги следеше, Митрова издоминира со својата впечатлива појава од маркантната провокативна елеганција.

За оваа прилика таа избрала сако во вид на фрак во женски крој од кој во прв план беше длабокото деколте и бујните гради, а возбудливо и од долниот дел со голите нозе од високиот шлиц.

Очилата често се нејзин незаобиколен детаљ од комплетниот аутфит, а овој пат направија таа да изгледа и потсетува на модните изданија на славната Софија Лорен која можеби и беше италијанска инспирација на познатата струмичанка.

Инаку, како информација за сите љубители на модата, настанот ќе кулминира на крајот на март со домашни дизајнери кои ќе ги покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни сили.

Овој настан ја нагласува тековната посветеност на FWSK28 за поттикнување на позитивна и одржлива модна индустрија. Големото финале е закажано за 30-ти март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи ексклузивен избор на невестински колекции.

фото: facebook /Ljupka Mitrova/ You Tube printscreen/ Fashion Weekend Skopje

To top