Познатата македонска инфлуенсерка, модел и однеодамна горда сопственичка на ексклузивната модна линија „ Mitroff“, атрактивната струмичанка Љупка Митрова повторно ги подзамислисвоите следбеници на социјалните мрежи, а Бога ми и јавноста со уште една своја необична Инстаграм објава.
Имено, откако неодамна „пушти срце“ па реши да „отвори душа“ и јавно да признае дека е повторно вљубена до уши. И тоа со широката насмевка, блесок во очите и озареното лице од кои лесно можеше да се заклучи дека сексапилната убавица е „зацапана од горе до доле“, како што самата призна, во еден Џоле!
При тоа сексапилна струмичанка раскажа и кој и помогнал во пронаоѓањето сродна душа, како дошло до тоа едно познанство да прерасне во љубовна романса, се’ додека „универзумот не го направил своето“…
Понесена на крилјата на љубовта од една и модната еуфорија со нејзиниот бренд од друга страна, Љупка Митрова како ревносна газдарица, која и самата е модел, решила да ги изрекламира моделите, но не на било што туку на невестинска венчаница.
Само што друго прашање е дали токму само заради реклама или има и нешто друго, нешто многу помагично, што многу повеќе ја инспирирало да се види себе „во бело“… како некогаш?
„После 17 години прв пат облеков венчаница. Магично е чувството“ – споделила возбудливата Љупка, евоцирајќи спомени од моментите кога го склучувала првиот брак, откако самата себе си си се бендиса во белата венчаница.
Дилема е само дали се во прашање чист маркетинг и реклама, или откако откри дека е во љубов, сега атрактивната струмичанка меѓу „редови сакаше“ да соопшти дека се подготвува и за… (втора) свадба?
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova